Македонија Заев во Хрватска, ќе се сретне со опозицијата и со дијаспората

Заев во Хрватска, ќе се сретне со опозицијата и со дијаспората

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и од членот на партискиот извршен одбор, Едмонд Адеми, е во еднодневна работна посета на Загреб.

Предвидени се официјални политички средби, а претседателот на СДСМ, Заев, ќе се сретне и со претставници на дијаспората од Македонија во Хрватска.

Работниот ден Заев ќе го почне со средба со претседателот на Социјалдемократската партија во Хрватска, лидер на опозицијата, Зоран Милановиќ, по што претставниците на двете партии ќе имаат и работен ручек.

По средбата со Милановиќ и со претставниците на дијаспората, делегацијата на СДСМ ќе се сретне и со поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ.