Главна секција Заев: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со становите за бегалци поради страв од пораз на...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со становите за бегалци поради страв од пораз на изборите

Референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за одвлекување на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање при неговата посета во Велес.

– Македонија не е толку добра земја за бегалците да останат овде. Дај боже да е добра земја, тогаш ќе имаат аспирации да останат. Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент, кој сака да го одвлече вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори. Тоа го прават затоа што се исплашени дека ќе ги загубат и општините – изјави Заев.

Премиерот рече дека ако преку мнозинството во поголемиот дел од општините биде спроведен референдум за забрана за отворање кампови во Македонија, на нив ќе гласа и СДСМ, со што 100 проценти ќе се покаже дека ќе нема кампови.