Свет Балкан Заев учествува на Регионалниот молитвен појадок во Србија

Заев учествува на Регионалниот молитвен појадок во Србија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска учествува на Регионалниот молитвен појадок во Белград.

Настанот го организира Собранието на Република Србија, како иницијатива за регионално подобрување на односите меѓу соседите, продлабочување на соработката со државите од регионот и светот.

На денешниот настан во Белград присуствуваат повеќе од 200 учесници, конгресмени и претставници на бизнис заедницата од САД, од германскиот Бундестаг како и високи политички претставници на Србија.

Заев се сретнал со делегацијата од САД, предводена од американскиот конгресмен Роберт Адерхолт, а остварил средби и со голем број учесници.

– Од клучен интерес за целиот регион е засилена соработка помеѓу земјите и нивна интеграција. Тоа е основен услов за понатамошен економски развој и економска соработка – потенцирал Заев.