Главна секција Заев: Тоа беше груевизам до доцна во ноќта, со барање амнестија за...

Заев: Тоа беше груевизам до доцна во ноќта, со барање амнестија за сите

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за јавното обвинителство, која траеше до раните утрински часови и заврши без договор.

– Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници, но за жал тоа не се случи. Тие не отстапуваат од матрицата уште од Пржинскиот договор, Преспански договор. Тоа беше груевизам до доцна во ноќта. Кај Мицкоски има само едно барање – амнестија за случаите од претходниот режим. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме – истакна Заев.

Тој рече дека предметите на СЈО и понатаму ќе се водат.