Дописници Заев: Тимот на Јанева не го коментирам, имам целосна доверба

Заев: Тимот на Јанева не го коментирам, имам целосна доверба

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Штип денеска, не сакаше да го коментира изборот и составот на тимот обвинители на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Заев рече дека има целосна доверба во неа затоа што ова е дел од договорот на сите политички партии.

Тој најави дека викендов СДСМ треба да ги разгледува кадровските решенија за министерските и за заменичките места што ќе бидат дел од владата од 20 октомври, решение предвидено со Договорот од Пржино.