Македонија Заев се сретна со амбасадорот на Албанија

Заев се сретна со амбасадорот на Албанија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новиот амбасадор на Албанија, Фатос Река.

Како што соопштија од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, за демократските предизвици со кои се соочува земјата, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете држави.

Заев го информирал амбасадорот Река за текот на преговорите меѓу политичките партии потписнички на Договорот од Пржино.

– Роковите и обврските се веќе дефинирани и треба да се испочитуваат. Специјален обвинител мора да се избере. Очекуваме во најкраток рок да се најдат решенија, кои ќе бидат во интерес на сите граѓани – рече Заев.

Амбасадорот Река посочил дека Албанија и Македонија, како соседни држави, имаат билатерална и економска соработка која придонесува за подобар соживот на сите граѓани.

– Имаме солидна економска соработка и очекуваме дека таа во иднина ќе се продлабочува – изјавил амбасадорот.