Македонија Заев – Пломп: Граѓаните се одлучија за влада посветена на реформи

Заев – Пломп: Граѓаните се одлучија за влада посветена на реформи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, извесуваат од партијата.

– Мнозинството граѓани во Македонија, повеќе од 600.000 луѓе избраа промени. Промените веќе се случија и никој не може да ги запре – изјавил Заев.

На средбата била нагласена одговорната и принципиелна поставеност на СДСМ на провокациите кои ѝ се најмалку потребни на Македонија.

– Македонија ќе добие влада на сите граѓани, посветена на нивните потреби, како и на потребните реформи за независно судство, медиуми, институции кои работат во служба на граѓаните. Граѓаните се одлучија за влада што отвора перспективи и тоа е следниот чекор во почнатите демократски процеси во државата – додал Заев.