Главна секција Заев на почетокот на јуни ќе ги објави смените на функционерите

Заев на почетокот на јуни ќе ги објави смените на функционерите

На почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а крајот на јуни ќе почне и по вертикала во општините каде државата е претставена со одредни државни институции, одговори премиерот на новинарско прашање за најавените промени.

Тој посочи дека се работи за неколку министри, заменици-министри и директори.

– Сè уште сме во фаза на размислување, го имам концептот. Главните критериуми ќе бидат ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска комисија. Сите аспекти ќе бидат согледани и верувам дека ќе направиме вистински решенија, кои ќе бидат сериозен акцелератор за посилно динамизирање на работите во нашата земја, затоа што граѓаните сега очекуваат и конкретни резултати после сите овие крупни политички одлуки и по завршувањето на претседателските избори – рече Заев.

Премиерот додаде дека следниот период ќе има средби со коалициските партнери со кои ќе разговараат за реконструкцијата, а промени ќе бидат направени и во рамките на СДСМ.