Македонија Заев и Палмер: Северна Македонија и САД убедени во успех во евро-атлантските...

Заев и Палмер: Северна Македонија и САД убедени во успех во евро-атлантските интеграции

На денешната средба премиерот Зоран Заев и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, се согласиле дека „е непоколеблива определбата на земјата за евро-атлантските процеси и дека Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека ќе бидат успешно заокружени“, соопшти Владата.

Заев до Палмер изразил благодарност за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во американскиот Сенат, а во разговорот двете страни констатирале дека Северна Македонија и САД успешно го одржуваат и зајакнуваат воспоставеното стратешко партнерство во интерес на граѓаните на двете земји, како и во остварувањето на заедничките цели за демократски просперитет на регионот и во заедничките акции во борбата против тероризмот и екстремното насилство, стои во владиното соопштение.