Македонија Заев до 17 јануари ќе биде на зимски одмор во Италија

Заев до 17 јануари ќе биде на зимски одмор во Италија

Премиерот Зоран Заев од денеска до 17 јанаури ќе го користи зимскиот одмор во Италија, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

Како што додаде Бошњаковски, Заев со семејството веќе отпатувал за Италија.

За Нова година, македонскиот премиер беше во приватна посета на Солун, каде домаќин му беше солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис.