Главна секција Заев апелираше до пратениците за историска можност да го обезбедат патот кон...

Заев апелираше до пратениците за историска можност да го обезбедат патот кон ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев апелираше до пратениците дека имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет.

– Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор – напиша Заев на неговиот фејсбук-профил и на „Твитер“.

На вчерашната 92-седница, Владата ја донесе одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници.