Дописници Заедницата на Македонците во Хрватска ги организира „19. Денови на Браќата...

Заедницата на Македонците во Хрватска ги организира „19. Денови на Браќата Миладиновци“

Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек, денеска ја организираат културната манифестација „19. Денови на Браќата Миладиновци“.

Манифестацијата ќе се одржи во два дела.

Во првиот – денеска, во ѓаковачката катедрала на Штросмаеров трг, во Ѓаково, организирано е разгледување на катедралата, прием кај генералниот викар м-р Иван Ќуриќ и полагање венци на гробот на бискупот Јосип Јурај Штросмаер, кој помогнал за печатењето на Зборникот на Браќата Миладиновци.

Во вториот дел ќе се одржи литургија за бискупот Јосип Јурај Штросмаер.