fbpx
Таг: зборник

таг: зборник

Со промоција на зборникот „Шопов на 11 јазици“ завршува 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) ќе биде промовиран зборникот „Шопов на 11 јазици“, кој го објави УКИМ. Станува збор за единствен зборник од ваков формат во кој се објавени преводи на песни од великанот на современата македонска литература и...

Отворена изложбата и промовиран зборникот во рамки на „Архиви на невидливите 2.0“

Во Музејот на Република Северна Македонија во рамки на проектот „Архиви на невидливите“, Центарот за истражување на национализмот и културата – ЦИНИК – Скопје, во соработка со Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, го организираа мултидисциплинарниот настан кој вклучуваше отворање на самостојна изложба на уметницата Христина Иваноска со наслов „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас...

Изложба, промоција на зборник и тркалезна маса во Музеј на Македонија

Утре со почеток од 12 часот, во Музејот на Република Северна Македонија ќе одржи промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ”. Настанот го организира Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот и Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Настанот ќе започне со...

Објавен првиот зборник текстови за попреченост на македонски јазик

Издавачката куќа Темплум го објави зборникот „Попреченост: текстови за инвалидните тела“, што е прв од ваков тип на македонски јазик. Зборникот е во објавен во едицијата теорија „20/21 Век“. „Книгата има за цел да го поттикне знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста пред сè ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост....

Денеска слем поезија во центарот на Скопје и промоција на Зборник на Поетри слем

Во покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје, Поетри слем Македонија денеска со почеток од 19 часот ќе го промовираат Зборникот на националниот слем од 2020 година. Организаторите од Поетри слем Македонија ги покануваат граѓаните за присуство на настанот, потенцирајќи дека тој ќе биде најалтернативната можна промоција на книга. Настанот ќе биде јавен,...

Промовиран зборникот „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008 – 2018“

Фондацијата Отворено Oпштество – Македонија денеска го промовираше зборникот „Од Букурешт до Преспа - Сведоштва на едно време: Македонија 2008 - 2018“ во Даут-пашин амам. – Најсилниот мотив да пристапиме кон изработка на еден ваков зборник беше за да се обидеме барем делумно да придонесеме кон колективното паметење или да се спротивставиме на заборавот. Во случајов мотивот беше да запишеме...

Манифестација посветена на браќата Миладиновци ќе се одржи во Осиек

По повод 155 години од објавувањето на „Зборникот“ на браќата Миладиновци, во Осиек, Хрватска, денеска почнува  манифестацијата „19. Денови на браќата Миладиновци“, во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Денеска во Осиек ќе биде промовирана книгата „Македонски бои во славонска рамница, траги на сеќавањата“ од Јагода Тренеска-Цветичанин. Активностите продолжуваат и в сабота, 18 јуни, кога меѓу другото, ќе се организира...

Заедницата на Македонците во Хрватска ги организира „19. Денови на Браќата Миладиновци“

Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек, денеска ја организираат културната манифестација „19. Денови на Браќата Миладиновци“. Манифестацијата ќе се одржи во два дела. Во првиот – денеска, во ѓаковачката катедрала на Штросмаеров трг, во Ѓаково, организирано е разгледување на катедралата, прием кај генералниот викар м-р Иван Ќуриќ и полагање венци на гробот на...

Промовиран „Зборник на политички затвореници“

Документи, фотографии и копии од пресуди се дел од содржината на вториот том на „Зборник на политички затвореници“, што денеска во Штип го промовираше здружението на граѓани - политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност. Авторот Никола Андонов изјави дека зборникот ги обработува пресудите на лицата, кои од 1945 година наваму важеле...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...