Македонија Забрана за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Деве Баир

Забрана за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Деве Баир

На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти попладнево Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму информираат дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Ресен – Битола, преку планинскиот премин Ѓавато е укината, но се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. Забраните за тешки товарни возила, додаваат од АМСМ, се укинати и на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево.

Сообраќајот на државите патишта се одвива по влажни коловози, велат од АМСМ и предупредуваат дека во клисурите и во засеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.