Свет Свет За три недели се регистрирани нови 1.000 случаи на ебола

За три недели се регистрирани нови 1.000 случаи на ебола

Повеќе од 1.000 нови случаи на ебола се регистрирани во изминатите три недели, што е показател дека болеста и понатаму претставува глобална закана, оцени шефот на мисијата на ОН за борба против еблата, Исмаил Улд Шеих Ахмед.

Според Шеих Ахмед, црните прогнози дека до крајот на декември минатата година ќе има регистрирани 10.000 нови случаи, не се остварија благодарение на брзата реакција на земјите кои пружија медицинска, логистичка и финансиска помош. Сепак, тој оценува дека заразата сè уште претставува сериозен проблем.