Македонија За три дена евидентирани 179 нови случаи на ковид

За три дена евидентирани 179 нови случаи на ковид

Фото: NIAID-RML (https://www.niaid.nih.gov/ & https://www.niaid.nih.gov/about/rocky-mountain-laboratories), CC BY 2.0, Викимедија комонс

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни случаи, регистрирани се 36 реинфекции. Оздравени се 347 пациенти.

Во текот на изминатите три дена (09.09 – 11.09) пријавени се две починати лица, по едно лице од Скопје (79г) и Валандово (86г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 до 89 години. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година, информираат од министерството.

Досега во земјава се направени вкупно 2.158.164 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.