Свет Балкан За прв пат од 1997 година претседателот на Црна Гора се одлучува...

За прв пат од 1997 година претседателот на Црна Гора се одлучува во вториот круг на изборите

Владиниот објект во Подгорица; Фото: Rasho - Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=18123128

За прв пат по две децении изборни процеси, претседателските избори во Црна Гора ќе бидат одлучени во вториот круг, јавува Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ).

Црногорците избираат помеѓу Јаков Милатовиќ, кандидат на движењето „Европа сега“, и Мило Ѓукановиќ, кој е актуелен претседател и лидер на Демократската партиај на социјалистите (ДПС), кој е на власт во Црна Гора повеќе од три децении.

Во првиот круг Ѓукановиќ освои од шест до седум отсто повеќе гласови од Милатовиќ.

Право на глас имаат 542.154 гласачи, исто како и во првиот круг, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи откако во медиумите се појавија непотврдени информации дека бројот на гласачи се зголемил за околу 1.500.

Во првиот круг Ѓукановиќ освои 35,4 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,9 отсто.

Резултатите од овие претседателски избори се всушност вовед кон новите предвремени парламентарни избори во Црна Гора во јуни годинава.

Како што соопштија од Центарот за демкратска транзиција (ЦДТ), до девет часот утрово гласале 6,8 отсто од гласачите.

Тоа е малку помала бројка споредено со првиот круг кога до 9 часот гласале 7 отсто од гласачите. На претходните претседателски избори во 2018 година, до 9 часот гласале 6,4 отсто.

Ѓукановиќ до сега беше премиер на Црна Гора на четири наврати, и два мандати како претседател. Кога тој дојде на власт, неговиот сегашен противкандитат, Милатовиќ, бил сè уште дете.

Милатовиќ влегува во првата претседателска трка со навршени 36 година, само едина и пол година откако е министер за економија на политичката партија „Европа сега“ која е основана во 2022 година.

Последен пат во Црна Гора се гласало во втор круг на претседателски избори во 1997 година, кога Ѓукановиќ, по големата поделба во ДПС, имаше дуел со долгогодишниот соработник Момир Булатовиќ.

Тогаш Булатовиќ имаше повеќе гласови во првиот круг, но Ѓукановиќ на крајот славеше.

Во јуни годинава, во Црна Гора ќе се одржат и нови парламентарни избори откако мандатарот Миодраг Лекиќ не успеа да формира влада, по што Ѓукановиќ го распушти парламентот. Владата на Дритан Абазовиќ падна во август минатата година, по што е на власт со технички мандат.

Клучни избори во Црна Гора: Ќе се продолжи ерата на Ѓукановиќ или ќе дојде просрпски кандидат