Економија За Македонците, 20 проценти попуст за зимување на Златибор

За Македонците, 20 проценти попуст за зимување на Златибор

Ски-центарот Златибор нуди попусти до 20 проценти за гостите од Балканот, информираат од туристичката организација „Златибор“.

Според директорот Арсен Ѓуриќ, одобрените попусти се движат од 5 до 20 проценти, во еден од 15 хотели што ја поддржуваат акцијата.

– Македонија, БИХ, Црна Гора, Романија се перспективни пазари од каде ни доаѓаат од 15 до 20 отсто од вкупниот број гости, односно преку 80 отсто од странските туристи – вели Ѓуриќ.

Со повеќе од 1,2 милиони досега остварени ноќевања, 2015 година е рекордна во историјата за туризам на Златибор.