Македонија За два дена, двајца млади луѓе починаа разладувајќи се на базен

За два дена, двајца млади луѓе починаа разладувајќи се на базен

На 15-годишното момче од Скопско му се слошило додека бил на базенот во Карпош, по што било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“. По извршените обиди за реанимација, му била констатирана смрт без видливи траги на насилство

фото: ZAINEB S.ZEYANI на Unsplash

Тинејџер починал вчера попладнето, откако му се слошил во базенот во Карпош, соопшти МВР.

На 15-годишното момче од Скопско му се слошило додека бил на базенот во Карпош, по што било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“. По извршените обиди за реанимација, му била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Во петокот сличен инцидент се случи на базен во Битола. С.С. (22) од Шпанија се удавил во отворениот Олимписки базен. Увид извршила екипа на СВР Битола, а телото е предадено за обдукција.