Македонија За два дена аплицирани 7.169 вакцини против ковид-19, интересот најголем за трета...

За два дена аплицирани 7.169 вакцини против ковид-19, интересот најголем за трета доза

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во изминатите два дена аплицирани биле вкупно 7.169 дози вакцини против ковид-19, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 11 ноември, вкупно во земјава се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани.

Притоа, 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.