Свет Европа За 48 часа спасени 10.000 мигранти во Средоземно Море

За 48 часа спасени 10.000 мигранти во Средоземно Море

Италијанската крајбрежна стража вчера спасила околу 3.000 мигранти во Средоземно Море, со што бројот на спасените лица во изминатите 48 часа достигна 10.000 лица.

Мигрантите се спасени во повеќе од 30 операции, кои го извршија италијанската крајбрежна стража, Фронтекс и воено-поморската мисија на ЕУ во Медитеранот, Јунавфор Мед.

– Речиси 7.000 луѓе за еден ден е навистина многу. Ако не е рекорд, тогаш е многу близу до рекорд – изјави претставник на Меѓународната организација за миграција.