Свет Балкан Вучиќ ја откажа посетата на Косово

Вучиќ ја откажа посетата на Косово

Српскиот премиер и кандидат за претседател на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека утре нема да го посети Косово, бидејќи не прифаќа уцени од Приштина.

– Не доаѓа предвид таков вид притисок и циркус каков што направи Приштина – изјави Вучиќ и додаде дека косовските власти во дописот пишувале едно, за да и покажат на меѓународната заедница дека се добри, а преку медиуми испраќале услови.

– Поради сето тоа, не доаѓа предвид моја посета – изјави Вучиќ.

Шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, денеска соопшти дека официјална Приштина му дозволила на Вучиќ во рамките на изборната кампања да дојде во тричасовна посета на Косово. Тој истакна дека тоа е последен пат да им се дозволува на српските политичари да водат изборни кампањи во Косово.