Свет Балкан Вучиќ и Рама на форум за безбедност зборуваа за љубовта на нивните...

Вучиќ и Рама на форум за безбедност зборуваа за љубовта на нивните земји

Во текот на Белградскиот форум за безбедност, премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, потврдија дека нивните држави имаат спротивни ставови во врска со статусот на Косово.

Рама рече дека Албанија има една љубов – ЕУ, додека Србија има две – Русија и ЕУ.

Вучиќ, од друга страна, одговори дека Србија има една љубов и тоа е Србија, а целта е неговата земја да влезе во ЕУ.

Рама ја пофали Србија за тоа како земјата се справува со мигрантите што доаѓаат од Сирија.