Ctrl - Z Второ издание на Хакатонот за отворени податоци, во организација на фондацијата Метаморфозис

Второ издание на Хакатонот за отворени податоци, во организација на фондацијата Метаморфозис

Фондацијата Метаморфозис во рамките на на 17-то издание на интернационалната конференција „е- Општество.мк“, од 30 ноември до 3 декември ќе го организира вториот онлајн „Хакатон за отворени податоци“ .

„Хакатонот за отворени податоци“ е четиридневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и сл. Еден тим може да има најмалку тројца членови, а најмногу осум. Едно претпријатие (*стартап компанија) може да пријави само 1 тим.

За стартап компанија се смета претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сѐ уште работи на развивање на иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициска фаза.

Победникот на Хакатонот ќе добие 3.000 долари, средства наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.

Пријавувањето на тимовите е отворено до 16 часот на 24 ноември, 2021 година, 16:00 часот. Регистрацијата е на следниов линк, а формуларот го пополнува секој член на тимот поединечно.

Вашите прашања може да ги испратите на hakaton@metamorphosis.org.mk; најдоцна до 24 ноември, 2021 година.