Економија Вториот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“ ќе се одржи...

Вториот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“ ќе се одржи на 7 октомври

На годинашниот саем, повеќе од 300 мали производители на храна и пијалоци ќе ги презентираат своите вкусни производи приготвени по традиционални рецепти

Плакат: МЗШВ, Slow Food Macedonia

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка со Slow Food Macedonia, а со поддршка од GIZ, оваа година по втор пат го организира Националниот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“.

Вториот Национален саем „Вкуси ја традицијата“ ќе се одржи на 7 октомври, сабота, со почеток во 11 часот во Градскиот парк – Скопје.

На годинашниот саем, повеќе од 300 мали производители на храна и пијалоци ќе ги презентираат своите вкусни производи приготвени по традиционални рецепти.

„Сите посетители ќе можат на едно да ги видат стотиците успешни приказни реaлизирани од подршката која ја даваме кон малите производители на храна и пијалоци, младите земјоделци и жените земјоделки“, се вели во соопштението на МЗШВ.