Македонија Врховен суд го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“ – тој...

Врховен суд го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“ – тој останува дома поради „Титаник 2“

Фото: Архива на Мета.мк, јуни 2017 г.

Врховниот суд денеска донесе одлука да ја прифати жалбата на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, и да ја укине мерката куќен притвор, изречена со решение на Апелациониот суд на 28 февруари.

Сепак и покрај оваа одлука, Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник 2“, откако претходно ја укина мерката притвор.

За „Империја“ Врховен суд го укина куќниот притвор и на Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во предметот „Империја“.