Македонија Времето претежно облачно со дожд

Времето претежно облачно со дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни претпладнево во јужните и источните делови.

Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер особено долж Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Температурата, според УХМР, денеска ќе достигне до 19 Целзиусови степени.

Утре и в недела времето ќе биде без врнежи. Утре максималната температура ќе достигне до 23, а в недела до 24 степени.

На почетокот на следната седмица ќе има услови за дожд во вечерните часови.