fbpx

Авионското засејување на облаците против град престанува, немало пријавени на повикот

-

По четири години успешно користење на мерката за авионско засејување на градобијните облаци, оваа година и покрај напорите направени тоа да продолжи, за жал мерката нема да се применува, соопштија Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Причината е што немало пријавени фирми на повикот за економски оператор што ќе го врши авионското засејување на облаците за се спречи град.

„Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни. Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор“, се вели во соопштението.

УХМР ќе продолжи да ја следи состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси ќе се стабилизира, повторно ќе распише нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Исто така, УХМР на својата веб-страница и преку медиумите редовно ќе известува и алармира алармира за можни временски непогоди, со цел земјоделците навремено да превземат мерки за заштита, објаснува Управата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стапија во сила договорите за зголемена мобилност и движење со лични карти во Западен Балкан

Во Северна Македонија, Албанија и Косово денеска стапија на сила трите договори потпишани на 3 ноември лани во рамките на Берлинскиот процес, со кој на граѓаните им се овозможува...
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
free online course
download karbonn firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy free download