Македонија Времето денеска сончево со услови за пороен дожд

Времето денеска сончево со услови за пороен дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието силен северозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува до околу 70 километри на час.

Утринската температурата ќе се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до силен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 26  степени.