Македонија Времето ќе биде сончево со умерена облачност

Времето ќе биде сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерена облачност. Претпладне во западните и во северните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 21 Целзиусов степен.

Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Лазарополе, а најстудено утрово било во Маврово.

Утре ќе има позначителен пораст на дневната температура, потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд, поинтензивни од вторник попладне и во среда.