Македонија Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд и со ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 32 степени.