Македонија Времето денеска сончево со температури до 27 степени

Времето денеска сончево со температури до 27 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево до променливо облачно, попладне со можност за локален дожд и за грмежи во одредени делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 27 степени.

Времето во Скопје ќе биде слично со услови за дожд во попладневните часови. Температурата во главниот град ќе достигне 24 Целзиусови степени.