Македонија Времето денеска променливо облачно и потопло

Времето денеска променливо облачно и потопло

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и потопло од претходните денови со сончеви периоди. Сепак, попладне повторно ќе има локален дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во западните делови умерен северозападен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 15 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време, со температура до 25 степени.