Македонија Времето денеска облачно, а попладне на некои места со дожд

Времето денеска облачно, а попладне на некои места со дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот во западните и југозападните делови ќе има повремен слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 6 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со утринска температура околу минус 1 Целзиусов степен и дневна до 9 степени.