Свет Време е жените во Саудиска Арабија да возат, порача саудискиот принц Алвалид...

Време е жените во Саудиска Арабија да возат, порача саудискиот принц Алвалид бин Талал

Саудискиот принц Алвалид бин Талал повика на укинување на забраната жени да возат автомобили.

Принцот преку „Твитер“ порача дека дека е крајно време саудиските власти да им дозволат на жените да управуваат автомобили.

„Сопрете ги дебатите: време е жените да возат“, напиша принцот Алвалид бин Талал.

По краткиот твит, канцеларијата на принцот објави некарактеристично долго соопштение на англиски и на арапски во кое се наведуваат финансиски, економски, социјални, верски и политички фактори, поради кои жените би требало да управуваат автомобили.

„Спречувањето жени да возат автомобили денес е прашање на човеково право, слично на тоа кога на жените им се забранува да се образуваат“, стои во соопштението.

Саудиска Арабија е единствена држава во светот во која е забрането жени да управуваат автомобили.