Галерија Возот со 400 мигранти тргна кон Табановце

Возот со 400 мигранти тргна кон Табановце

Воз со околу 400 мигранти во 17 часот замина од железничката станица во Гевгелија кон граничниот премин Табановце.

Како што јавува нашиот репортер, немало никакви проблеми, ниту пак инциденти при качувањето во возот.

Пред да пристигне возот, кордон од припадници на специјалната полициска единица се наредиле пред мигрантите и во групи од по десет луѓе ги пуштале да се качуваат во возот.

Предност им даваат на жени, деца и семејства за да можат да патуваат заедно.

На станицата чекаат околу илјада мигранти, но бидејќи возот може да прими само 400 лица, другите ќе го чекаат следниот, кој би требало да пристигне за неколку часа.