Свет Свет Воздушни напади на сириската војска во Алепо

Воздушни напади на сириската војска во Алепо

Сириската авијација нападна положби на бунтовниците во Алепо, како одговор на нивната офанзива која имала цел да воспостави контрола врз целиот град.

Борбите се воделе во утринските часови, соопштија од Опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон.

Во соопштението се наведува дека бунтовниците зазеле неколку згради во предградие во Алепо, но кои не се од стратегиско значење.

Дел од Алепо е под контрола на сириската војска, а дел го контролираат исламските бунтовници, уште од почетокот на 2012 година.