Македонија Возачот на министрите Бесими и Бектеши доби кривична за загрозување на безбедноста...

Возачот на министрите Бесими и Бектеши доби кривична за загрозување на безбедноста во сообраќајот

Фото: Официјален Фејсбук профил на министерот Фатмир Бесими

Единицата за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.

Според увидот на полицијата Ј.Б. (38) со службеното возило „шкода“ не застанал на црвено светло на семафорот и кога навлегол во крстосницата на бул.„Св.Климент Охридски“ со бул.„Илинден“, удрил во возилото „киа“, кое пак од ударот го променило правецот и удрило во возило „фиат“.

Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По несреќата министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши на фејсбук им посакаа брзо оздравување на повредените.

„Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“ напишаа министрите.