Бесими во посета на Брисел
декември 11, 2014
Во работна посета на Брисел, денеска престојува вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими. За време на посетата, тој ќе оствари средба со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, и со Жан-Ерик Паке, новиот директор на секторот „Б“ во новиот Директорат за проширување на Европската комисија.