Дописници Возачи од албанското МНР биле приведени од грчката полиција

Возачи од албанското МНР биле приведени од грчката полиција

Двајца возачи од албанското министерство за надворешни работи беа сопрени од грчката полиција во Јанина, поради пренесување книги на албански јазик. Тие биле задржани во полициската станица неколку часа, по што биле пуштени, известува дописникот на „Мета“ од Тирана.

Наводно, возачите биле обвинети за пренесување вознемирувачки пропаганден материјал. Според други извори, пак, книгите на албански, всушност, биле наменети за образовни цели, поточно за потребите на ученици од Албанија кои живеат во Грција.