Македонија Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент.

Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоминална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент.

Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата.

Влезот во болницата бил забранет и имало зголемено присуство на полицијата и на специјалните сили.

Од Секторот за внатрешни работи Скопје за „Мета“ велат дека ги проверуваат информациите и повеќе детали најавуваат за подоцна.