Свет Вонредна состојба во Лос Анџелес поради големиот пожар

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради големиот пожар

Поради големиот пожар кој го зафати поголемиот дел на Лос Анџелес, гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба.

Околу илјада пожарникари, со стотина противпожарни возила, како и девет специјализирани хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот, кој досега уништи неколку станбени згради, куќи, а се приближува и до реонот на Бурбенк.

Досега на реонот на Бурбенк се евакуирани повеќе од 300 куќи, а во другиот дел од градот уште 180 поради пожарот што во саботата избувна на падините на планината Вердуго и за кратко време се рашири на повеќе од 2.000 хектари шума.