Свет Вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите

Вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите

Властите во Калифорнија прогласија вонредна состојба поради пожарите кои и понатаму се шират и поради кои повеќе од илјада лица морале да ги напуштат своите домови.

Во пожарите, како што јавуваат пожарникарите, едно лице загина.

Во моментов има 12 пожари, кои уништија стотина куќи, а силниот ветер ја отежнува работата на пожарникарите. Пожарите ги гасат повеќе од 5.000 пожарникари, а четворица се повредени во борбите со огнената стихија.