Свет Балкан Вонредна седница на албанскиот парламент поради српскиот воз на Косово

Вонредна седница на албанскиот парламент поради српскиот воз на Косово

Одборот за надворешна политика на парламентот на Албанија одржал вонредна седница за неодамнешните случувања на Косово, јавува приштинскиот весник „Коха“, додавајќи дека од истите причини е свикана седница и на албанскиот парламент.

На седницата се разговарало за пробната линија на возот Белград – Косовска Митровица, како и за апсењето на лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, по потерницата издадена од Србија.

Претседателката на одборот, Арта Даде, најавила дека ќе биде одржана посебна седница на албанскиот парламент за да се разговара за ситуацијата на Косово.

– Неодамнешните случувања се загрижувачки и штетни за стабилноста на регионот – рече Даде.