Свет Воен брод на САД се приближил до кинеските острови без дозвола

Воен брод на САД се приближил до кинеските острови без дозвола

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека американски воен брод пловел во близина на вештачките острови што им припаѓаат на Кина и на уште две земји.

Со тоа, како што наведуваат, ги прекршил кинеските закони за влез во кинеските територијални води без претходно добиена дозвола.

Кина, од својата страна, презела мерки, вклучувајќи надгледување и предупредување, се вели во соопштението.

Портпаролот на Пентагон, капетан Џеф Дејвис, претходно изјави дека ниту еден кинески воен брод не бил во близина на американскиот „Куртис Вилбур“ кога тој поминал во близина на островот Тритор.