Дописници Водостојот на Охридското Езеро и реките во границите на дозволеното

Водостојот на Охридското Езеро и реките во границите на дозволеното

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, извршени утрово, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 693,38 метри надморска височина, што е за речиси 20 сантиметри под просекот за мај кој изнесува 693,66 метри надморска височина.

Ниско е нивото на реките во сливот на езерото. Нивото на реката Сатеска измерено кај Ботун е 33 сантиметри под просекот за мај. Реката Црн Дрим е 90 сантиметри под просекот за овој период од годината, покажуваат денешните хидролошки мерења. Според податоците на УХМР, нивоата на сите реки се под мајскиот просек.

Периодов на интензивни врнежи се очекува значително да ја подобри хидролошката состојба на реките и езерата.