Спорт Водечките тимови од Формула 1 бараат гуми на „Мишелин“ наместо тие на...

Водечките тимови од Формула 1 бараат гуми на „Мишелин“ наместо тие на „Пирели“

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, е под голем притисок од водечките тимови кои, наводно, бараат наместо актулениот „Пирели“, француската компанија „Мишелин“ да биде идниот снабдувач со пневматици во Ф1, пишува британскиот национален радио и телевизиски сервис „Би-Би-Си“.

„Пирели“, чиј договор со Формула 1 почна во 2011 година, е во трка со „Мишелин“ за нов договор за снабдувач со пневматици на Ф1-тимовите, кој треба да се случи во 2017 година.

Како што пишува „Би-Би-Си“, неколку водечки тимови од Формула 1 посочиле дека сакаат промена во гумите, наведувајќи ги како причина серијата проблеми што се појавија со пневматиците на „Пирели“.

Сомнежи околу пневматиците на италијанската компанија, според британскиот национален сервис, искажала и Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА).