Македонија (Во живо) Онлајн дебатата на тема: „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за...

(Во живо) Онлајн дебатата на тема: „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“

Онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“ ќе се одржи денеска со почеток од 13 часот. Настанот е отворен за сите заинтересирани и ќе може да се проследи преку „Зум“  на следниот линк, а главните прашања на кои ќе се дискутира на онлајн дебатата се: Дали младите им веруваат на медиумите, колку често младите се информираат од домашни медиуми и дали сметаат дека ангажирањето во општествено важни прашања е бесцелно потрошено време?

Настанот, исто така, ќе се пренесува во живо и на Фејсбук страните на Фондација Метаморфозис, Новинската агенција Мета и Портлаб.мк. Воедно, тој ќе може да се следи и директно на веб-страницата на Мета.мк:

Онлајн дебатата ќе ја отвори амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј. Како говорници ќе учествуваат главната и одговорна уредничка на првиот канал на Македонската телевизија (МТВ), Анета Андонова, новинарот Бојан Шашевски од Радио МОФ, Дарко Тошиќ од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Бленди Ходаи, поранешен претседател на Сојузот на средношколците, Елида Зулбеари уредничка на Порталб.мк и Бојан Блажевски уредник во Мета.мк.

Јавната дебата е во организација на Фондацијата Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“, финансиран од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје. Настанот се одржува во рамки на Деновите на медиумска писменост.