Свет Свет Во Женева се одржува седма рунда преговори за Сирија

Во Женева се одржува седма рунда преговори за Сирија

Седмата рунда мировни преговори за Сирија денеска почна во Женева со состанок на специјалниот претставник на ОН, Стефан де Мистура, со делегација на сириските власти.

Состанокот се одвива во Палатата на нациите, односно во седиштето на ОН во Женева.

Темата на новата рунда преговори е пакетот од четири предлози на Де Мистура: за формирање влада, нов устав, спроведување избори и борба против тероризмот.

За време на претходните разговори, од 16 до 19 мај, страните усогласија експертски механизам за консултации, кој ќе се занимава со уставните и со правните прашања.