Македонија Во вторник ќе се презентираат резултатите од Индексот на отвореност на општините...

Во вторник ќе се презентираат резултатите од Индексот на отвореност на општините за 2021 година

Фондацијата Метаморфозис на 16 ноември (вторник), во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, организира онлајн презентација на резултатите од Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за 2021 година.

„Настанот се организира со цел да се овозможи простор за дискусија и дебата помеѓу граѓаните, медиумите, претставниците на локалните самоуправи и граѓанскиот сектор, при што тема на дискусија ќе бидат последните резултати добиени преку истражувањето на Индексот за 2021 година“, информираат од Фондацијата Метаморфозис.

Поздравно обраќање на настанот ќе имаат Ќендреса Сулејмани, програмска директорка на Фондацијата Метаморфозис и Горан Лазаревски, директор на Проектот за граѓанско учество на УСАИД.

Резултатите од мерењето на отвореноста на општините за 2021 година ќе бидат презентирани од Гоце Арсовски, офицер за програмска поддршка во Фондацијата Метаморфозис и Ќендреса Сулејмани, програмска директорка на Фондацијата Метаморфозис.

Со свои обраќања на онлајн презентацијата ќе учествуваат и претставници на партнер-организациите: Јасминка Поповска, проектен координатор во Локалната агенција за развој од Струга, Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и Марија Василевска, програмски менаџер во Центарот за социјални иновации Блинк 42/21 од Скопје.